Виена се шири, но на еколошки начин

Од:

Виена, главниот град на Австрија во последните години забележал значителен пораст на жителите, што доведе до потреба од изградба на нови живеалишта.

Статистичката служба на Австрија во октомври 2012 година објави бројки според кои Виена од сегашните 1,72 милиони жители, до 2030 треба да порасне во град со 1,96 милиони жители, што е за 18.000 повеќе луѓе, секоја година, соопшти Compress.

Затоа градската управа планира изградба на 6.500 до 7.000 нови субвенционирани станови, како и дополнителни 1.000 до 1.500 станбени единици годишно, финансирани од сопствени средства, за прогнозираните потреби да бидат задоволени.

Предноста на Виена во однос на другите европски метрополи е тоа што располага со доволно земја за градење.

Половина од тоа земјиште ќе остане зелена површина, а на просторот кој се наоѓа близу урбаното јадро се планираат нови станбени објекти, со што би се одржала добро испланираната мрежа на јавен сообраќај, која на граѓаните им овозможува да стигнат брзо и лесно до своето работо место, училиште или здравствена установа.

Благодарение на близината на објектите, граѓаните ќе можат тие релации да ги поминуваат и пешки или со велосипед, што е голем еколошки исчекор.

Новоградбите, меѓутоа, предизвикуваат топлотно зрачење, односно раст на температурата на воздухот во градот.

Виена тоа го реши со испланирани зелени и водени површини кои би ја изедначувале температурата на воздухот, а на жителите на Виена им се овозможува простор за излети и рекреација, се наведува во соопштението

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска