Виена останува без еден од своите најпрепознатливи симболи-штандовите со колбаси

Од:

Главниот град на Австрија е познат по историските градби, но и по штандовите на кои можат да се купат различните видови колбаси.

Овие штандови сега исчезнуваат, и од вкупно 790, колку што беа во 2010 година, сега останаа само уште 274.

Причината за исчезнувањето на штандовите со колбаси е бумот на доставата на храна, но и фактот дека државата наметнува големи бирократски пречки за работата на овие локали.

Конкретно, обврската да воведат фискални каси е една од работите кои придонесоа за ваквата состојба.

Заменик претседателот на секторот за угостителство во Стопанската комора на Виена, Вили Туречек, исто така, смета дека штандовите со колбаси се соочени со огромна конкуренција од штандовите за продажба на кебапи, азиска храна или пица.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска