Главниот град на Австрија – Виена најверојатно, по две години, следната година повторно ќе биде домаќин на Изборот на песна за Евровизија, иако Израел победи на годинешната церемонија, објавија австриските медиуми.
Веднаш по победата на Израелката Нета, се појавија противења околу тоа – идниот натпревар да се одржи во Израел поради безбедносната состојба. Уште тогаш како алтернатива се спомнуваше Австрија, која годинава го освои третото место. Овие гласини се засилија откако израелската државна телевизија КАН побара пари за организација од државата, но министерот за финансии го одби тоа барање.
Израел инаку ќе мора да уплати 12 милиони евра на швајцарска сметка како гаранција за прифаќање на организацијата на Евровизија. Рокот за уплата истекува денеска, и ако парите не се најдат на сметката, ќе се бара друга земја домаќин.
КАН се обрати и до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со молба – државата да ги стави на располагање потребните средства.