Виена и натаму најдобро место во светот, според квалитетот на живот, Багдад најлош

Од:

На листата на „Мерцер“, што ги рангира градовите низ светот според индексот на квалитетот на живот, првото место и оваа,веќе осум години по ред, го има Виена, додека на последно место повторно се најде Багдад.

На листата на најдобри градови за живот меѓу 231 градови, Загреб, втора година по ред го зазема 98 место, Љубљана се наоѓа на 76 место, Белград на 138 место, додека Сараево се наоѓа на 159 позиција.

Виена повторно е најдобра поради својата силна културна сцена, квалитетното здравство, умерените цени на живеење и ниската цена на градскиот превоз. На второ место е Цирих, трет Оукланд, четврти Минхен, а петти Ванкувер. Во Топ 10 се и Дизледорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел.

Големите светски центри не се во првите 30. Париз е на 38 место, Лондон на 40 место, Њујорк на 44, а Токио на 47 место.

Градовите се рангираат врз основа на 40 различни фактори, како што се: политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, степенот на криминал, можноста за рекреација, културната понуда, природната околина…

Од азиските градови најдобро рангиран е Сингапур, на 25 место, а од американските градови Сан Франциско се најде на 29 место. Во Африка најпријатен град за живеење е јужноафриканскиот Дурбан, на 87 место.

Петте најлоши градови за живеење се Картум (Судан), Порт о Пренс (Хаити), Сана (Јемен), Банкуи (Централноафриканска Република) и Багдад (Ирак).

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска