Виена го доби првиот „Фестивал на културата на пивото“

Од:

Славната виенска пивница „Ottakringer“ летово, заедно со девет други виенски пивници, го организира првиот „Фестивал на културата на пивото“.

Во текот на целото лето посетителите на славната пивница во 16. виенски округ, ќе можат освен во домашните видови пиво да уживаат и во необичните видови, како што се пивото со кафе, со овошје, органското пиво.

Освен пиво, за посетителите на фестивалот е организирано и разгледување на пивницата „Ottakringer“, учество во наградни игри, како и филмски проекции на отворено.

Пивницата „Ottakringer“ е една од последните големи независни пивници во Австрија, која од 1837 година се наоѓа во 16. округ.

Пивницата е во приватна сопственост и годишно произведува околу 614.000 хектолитри пиво, а во својот асортимент има 12 видови пиво и има осум отсто удел во целокупниот австриски пазар.

Фестивалот на пивото ќе трае до 4 септември 2013 година.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска