„Мојот татко е карпа, мојата главна потпора во животот, од него научив сè за лојалноста, довербата и добрината“, изјавил актерот Хју Џекмен (44) во емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес“.
Мајката на актерот, Грејс Вотсон, ги напуштила кога имал осум години. Од Австралија заминала за Британија, а своите пет деца за тоа ги известила преку телеграма. Потоа им открила дека се борела со депресија. Додека раскажувал за тешкото детство, актерот се расплакал пред камерата.
„Ми кажа збогум, пред да одам на училиште а кога се вратив неа ја немаше. Уверен сум дека ни сама не помислила дека заминува засекогаш кога си замина тоа утро“, изјавил актерот кој својата мајка ја гледал еднаш годишно.