ВИДЕО: Врата од авион се отвори среде лет, патниците во паника, се појави снимка

Од:

На социјалните мрежи се појави видео од авион во кое вратата се отвора сред лет.

Инцидент се случил на летот на јужнокорејската авиокомпанија „Азијана ерлајнс“ кога во петокот се отворила вратата на авионот непосредно пред слетувањето на аеродромот во градот Даегу.

На видеото се гледаат вратите отворени, додека работите на патниците летаат наоколу. Тие седат на седиштата и не се мрднуваат.

Неколку патници имале проблеми со дишењето, но авионот слетал безбедно, соопштија официјални лица.

Во авионот имало 194 луѓе, а по полетувањето од островот Џеџу во Јужна Кореја, вратите наеднаш се отвориле, велат официјални лица.

Ниту еден од 194 лица не испаднал од авионот или е повреден, но некои патници ги фатила паника, предизвикувајќи проблеми со дишењето и веднаш по слетувањето биле пренесени во болница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Застрашувачка снимка од авионот: влета во силни турбуленции, па ги рафрла патниците на таван

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Турбуленции направија хаос во авион, бебе излетало од раце на родителите

ВИДЕО: Силни турбуленции, повредени 10 патници-снимка на летот над Лисабон

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Врисоци, летаат предмети-снимки за најстрашните турбуленции во авионите

Предраг Петровиќ

Најмалку 36 повредени, од кои 11 сериозно поради турбуленции на лет за Хаваи

Горан Наумовски