Кривулестите патчиња на западната страна на Хималаите се меѓу најопасните на светот, а тоа го покажува и видеото објавено од еден британски турист.
– Ова е апсолутно најлудиот пат по којшто некогаш сум се возел, се слуша во позадина снимателот.
Имено, комбето со туристи се пробива низ исклучително тесен дел од патот, кој притоа изгледа како секој момент да може да се урне.
Снимателот ја фатил и екстремната стрмнина удолу, но и водопадот кој се слива на патот.