Во поранешен фабрички магацин во центарот на Бон, каде претходно биле сместувани козметички производи, отворен е хотел, кој се разликува од вообичаените, со оглед на тоа што неговите сместувачки капацитети претставуваат 15 камп куќички.
Секоја од нив е различна, по боја, дизајн, внатрешно уредување, а во понудата има и големи луксузни варијанти на класичен американски дизајн, како што се големата приколка за спиење или оригиналните холандски историски камп куќички.
Една ноќ во овој хотел чини 30 евра по лице, а во цената е пресметан и појадокот.
Посетителите се воодушевени и велат дека тука можат, без разлика на временските прилики секогаш да уживаат.