Драмата околу српското знаме во кое се завитка Рита Ора додека пееше трае и денеска. Освен што се појави уште едно видео снимено на настапот, се јави и нејзината мајка Вера која и се извини јавно затоа што викала многу од лутина по грешката што ја направила.
Особа која је овако мајсторски "подметнула" српску заставу Рита Ори урадила је више за српску дипломатију од оних који се тиме баве.
И да се тој особи додели национална пензија.❤ pic.twitter.com/BOr3MsKnPm
— Jovana Ćirković (@rilivadivuk) August 27, 2023
Мајката на албанската пејачка Вера по грешката со знамето викала во нејзината ќерка во бекстејџот.
Имено, таа ја објави фотографијата на нејзината ќерка на која се гледа „двоглав орел“.
„Извини што многу ти викав, но се изнервирав“, напиша Вера и на овој начин јавно и се извини на својата ќерка.
Majka Rite Ore nakon što je grlila srpsku zastavu pic.twitter.com/jUtoVtvdpj
— Malagaravaa (@vaskekopirinac) August 28, 2023
Рита Ора веднаш по настапот кажа зошто била направена грешка.
„За време на настапот на фестивалот СЗИН во Унгарија, еден обожавател ми подаде знаме. Поради силната светлина што одеше директно во моите очи, не можев јасно да видам чие знаме држам. Кога се симнав од сцената, видов дека тоа е српско знаме, а не унгарско знаме“, изјави Рита за локалните медиуми и додаде:
„Иако ги ценам сите мои обожаватели од сите земји и култури, сакам да кажам дека сум горда Албанка од Косово и никогаш не ми беше намерата да не го почитувам моето наследство или да го вознемирувам мојот народ или семејство, напиша таа.