ВИДЕО: Уникатен накит од Марија-Антоанета на аукција

Од:

Дијамантски нараквици коишто ѝ припаѓале на кралицата Марија-Антоанета ќе бидат понудени на аукција во Женева. Како што соопшти аукциската куќа „Кристи’с“, двете нараквици, секоја со по 112 дијаманти, ќе бидат понудени заедно, а првично се проценува дека цената која треба да ја плати нивниот нов сопственик ќе биде од два до четири милиони долари.

– Оваа проценка ја вклучува не само исклучителната вредност на дијамантите, туку и можноста да се посeдува накит кој некогаш го носела познатата кралица Марија-Антоанета, изјави експертот за накит на „Кристи’с“, Сесил Кизамоло.

Во 2018 година, природен бисер и дијамантски медалјон, кој ѝ припаѓале на оваа кралица со несреќна судбина, беше проценет на еден-два милиони долари, но по наддавањето беа платени 36 милиони. Аукциската куќа проценува дека дијамантите на нараквиците се вредни вкупно меѓу 140 и 150 карати. Друга единствена карактеристика на овие две парчиња накит е тоа што можат да се поврзат и да се носат како ѓердан.

Кралицата ги нарачала нараквиците од златарот Чарлс Огист Бомер од Париз, во 1776 година, две години откако седнала на престолот. Таа за тоа платила 250.000 фунти, што е огромна сума за нејзиното време. Интересно е и тоа што пред да се обиде да избега од Франција со кралот Луј 16. и нивните деца, кралицата прво сакала да се увери дека нејзиниот накит е испратен на безбедно место надвор од земјата. Така, тоа било испратено во Брисел, каде што владеела нејзината сестра Марија-Кристина, пред да бидат испратени во татковината на кралицата – Австрија, со којашто владеел нејзиниот внук, императорот Франц Втори.

Марија Антоанета, последната кралица на Франција пред револуцијата, била обезглавена од револуционерите во Париз, октомври 1793 година, на 37-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Разговор со Џон Ленон и Јоко Оно продаден на аукција за 50.000 евра

Ана Ололовска

Парче кралска свадбена торта продадено за 2.000 фунти

Ана Ололовска

Англиски замок од 13 век се продава за 11 милиони фунти

Ана Ололовска

Торта стара 40 години оди на наддавање

Ана Ололовска

„Мерцедесот“ на Џорџ Харисон продаден за 170.000 евра

Ана Ололовска

Кашмирски сафир од 27 карати продаден за 2,1 милион евра

Ана Ололовска