ВИДЕО: Уникатен накит од Марија-Антоанета на аукција

Од:

Дијамантски нараквици коишто ѝ припаѓале на кралицата Марија-Антоанета ќе бидат понудени на аукција во Женева. Како што соопшти аукциската куќа „Кристи’с“, двете нараквици, секоја со по 112 дијаманти, ќе бидат понудени заедно, а првично се проценува дека цената која треба да ја плати нивниот нов сопственик ќе биде од два до четири милиони долари.

– Оваа проценка ја вклучува не само исклучителната вредност на дијамантите, туку и можноста да се посeдува накит кој некогаш го носела познатата кралица Марија-Антоанета, изјави експертот за накит на „Кристи’с“, Сесил Кизамоло.

Во 2018 година, природен бисер и дијамантски медалјон, кој ѝ припаѓале на оваа кралица со несреќна судбина, беше проценет на еден-два милиони долари, но по наддавањето беа платени 36 милиони. Аукциската куќа проценува дека дијамантите на нараквиците се вредни вкупно меѓу 140 и 150 карати. Друга единствена карактеристика на овие две парчиња накит е тоа што можат да се поврзат и да се носат како ѓердан.

Кралицата ги нарачала нараквиците од златарот Чарлс Огист Бомер од Париз, во 1776 година, две години откако седнала на престолот. Таа за тоа платила 250.000 фунти, што е огромна сума за нејзиното време. Интересно е и тоа што пред да се обиде да избега од Франција со кралот Луј 16. и нивните деца, кралицата прво сакала да се увери дека нејзиниот накит е испратен на безбедно место надвор од земјата. Така, тоа било испратено во Брисел, каде што владеела нејзината сестра Марија-Кристина, пред да бидат испратени во татковината на кралицата – Австрија, со којашто владеел нејзиниот внук, императорот Франц Втори.

Марија Антоанета, последната кралица на Франција пред револуцијата, била обезглавена од револуционерите во Париз, октомври 1793 година, на 37-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска