(ВИДЕО) Трамп со Тејлор Свифт: Вештачката интелигенција создаде хаос

Од:

По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, многу холивудски ѕвезди го изразија своето незадоволство од изборните резултати, но мегапопуларната пејачка Тејлор Свифт, која ја поддржа Камала Харис на изборите, не ги коментираше резултатите.


Видеото генерирано со вештачка интелигенција на кое Трамп и Свифт пеат пародија на нејзиниот голем хит Love Story стана вирално на социјалните мрежи. Песната со вештачка интелигенција се вика „Trump Story“ и досега има собрано повеќе од 40 милиони прегледи само на мрежата X.

Во клипот со вештачка интелигенција, Трамп пее и свири на гитара додека Свифт слуша. Во еден момент се среќаваат во Белата куќа, а потоа ја гледаме Свифт на митингот на Трамп како носи црвена капа со слоганот „Направи ја Америка повторно голема“.

За време на претседателската кампања, Свифт ја објави својата поддршка за Камала Харис на Инстаграм, платформа на која има 283 милиони следбеници.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Се огласи Трамп по пресудата за Марин Ле Пен: „Тоа звучи како да е во оваа земја“

Трамп: Сакам Путин да постигне договор со Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трамп се спореди со Ле Пен: Таа е водечки кандидат

Кремљ: Путин останува отворен за разговори со Трамп, тоа може да се случи многу наскоро