ВИДЕО: Топ 5 мистериозни места на Земјата

Од:

Постојат места на планетава каде што владеат чудни сили и често се случуваат несекојдневни настани. Иако по правило истите се предизвик за научниците, сепак и тие немаат објаснувања за мистериозните настани кои се поврзани со овие територии.

Ѓаволско море

Ѓаволско море или змаевиот триаголник е дел од Тихиот океан, кој е толку мистериозен што го споредуваат со Бермудскиот триаголник. Во овој триаголник, кој се наоѓа покрај крајбрежјето на Јапонија се случиле многу нерешени настани како магнетски аномалии, чудна појава на светлост и објекти и секако мистериозни исчезнувања.

Дури и јапонското Министерство за морепловство и риболов ова подрачје го прогласи за опасно. Во 1952 година јапонската влада испрати истражувачки брод на тоа место, за да открие што точно се случува таму, но за жал сите членови на екипажот и бродот, мистериозно исчезнаа.

Ранчот Бигел

Овој ранч кој зафаќа вкупно 480 хектари површина, се наоѓа во државата Јута. Таинствените случувања започнаа да го следат ова место од почеток на 50-тите години од минатиот век, но она по што се прослави е судбината на неговите сопственици Терја и Гвен Шерман, кои го купиле ранчот на почеток на 1994 година.

Уште првиот ден започнале да се случуваат чудни работи. На пасиштата здогледале волк, кој на прв поглед бил питом, но кога му се доближиле веднаш ја нападнал сопственичката на ранчот. Терју со пиштол пукал во животното, но без успех, бидејќи куршумите се одбивале од него, но кога ја зел пушката од својот автомобил и повторно го нападнал, волкот ја пуштил Гвен и исчезнал.

Две години по овој настан, сопствениците раскажувале дека забележале разни летечки објекти, но и мутација кај новородените домашни животни, поради што во 1996 година одлучиле да го продадат ранчот на Роберт Бигел, кој таму основа институт и се обидува да ги објасни натприродните случувања кои го следат.

Сен Луис долина

Оваа долина се наоѓа во јужниот дел на Колорадо, а станува збор за подрачје на кое се забележани илјадници НЛО и стотици неразјаснети мутации на животни.

Дека НЛО во тој дел од планетава се нормална појава, покажува фактот што Џуди Месолине отворина просторија од која додека пиете чај или кафе може да го набљудувате доаѓањето на летечките објекти.

За оние кои се скептични во врска со НЛО, тука се и неразјаснетите мутации кај животните. Овие мутации за прв пат се пријавени во 1967 година, кога коњот Снипи бил пронајден без мозок. На неговото тело не се забележувале никакви рани или убоди кои би укажувале на тоа на кој начин можело мозокот да исчезне од телото на животното. По тој настан, се пријавени многу мутации и чудно уништување на животните. Заедничко за сите е тоа што нема траги од крв, ниту од убоди или некои други повреди, а сите се случиле преку ноќ на здрави животни.

Државата покрена неколку истраги, но ниту една од нив не даде никакви резултати, а таинствените работи се случуваат и денес.

Skinwalker-Ranch

Бенингтоновиот триаголник

Ова место се наоѓа во југозападен Верминт и е центар на мистериозни исчезнувања во периодот помеѓу 1945 и 1950 година. Во ноември 1945 година Миди Риверс, кој предводел група ловци, во еден момент се оделил од нив и повеќе никој не го видел. Пронајдена е само чаура од куршум во потокот.

Само една година подоцна на 1-ви декември, Паула Велден се упатила на прошетка, од која и се губи секоја трага. Точно три години потоа е пријавено и исчезнување на ветеранот Џејмс Тетфорд, кој со автобус се враќал од посета на роднини. Последен пат бил виден на претпоследната станица, а потоа му се губи секаква трага. Неговите работи останале во автобусот.

Во тек на годините на истата локација исчезнале уште неколку лица, кои никогаш не се пронајдени. Она што е интересно е што сите исчезнале во периодот помеѓу 1-ви ноември и 20-ти декември.

Бриџвотеровиот триаголник

Станува збор за подрачје кое зафаќа површина од околу 200 квадратни километри, а се наоѓа во државата Масачусетс. На оваа територија се забележани, мали зелени, големи влакнести летачки чинии, двоглави животни, а се пријавени и многубројни исчезнувања на луѓе.

Неколку луѓе пријавиле и дека ја виделе птицата Тандербрд, која наликува на големиот Птеродактил, кој изумре пред илјадници години. Во 1976 година еден човек пријавил дека џиновско куче со црвени очи убило коњи на ливада, додека паселе.

bridy

Покрај чудните животни кои ги пријавиле посетителите на ова подрачје, забележани се и чудни мутации кај животните. Како крава со две глави, овца со шест нозе, мисирки кои воопшто немале глави и сите тие живееле по неколку години.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска