ВИДЕО: Точкесто Езеро – едно од најнеобичните места во светот

Од:

Одамна е познато дека во светот има секакви природни феномени, но дека може да се налета на езеро полно со точки, тоа, барем на поголрм број луѓе, никогаш не би им паднало на памет.

Во близина на градот Осојос во канадската покраина Британска Колумбија, се наоѓа Точкестото Езеро, кое го посетуваат туристи од целиот свет.

Својот, во најмала рака, необичен изглед ова езеро и го должи на високата концентрација на разновидни минерали, како што се магнезиумсулфатот, калциумот, натриумсулфатот, среброто и титанот.

Поголемиот дел од водата во лето испарува од езерото, па тогаш тоа добива точкест изглед што им го должи на куповите минерални соли, а од составот на минералите зависи и бојата на езерото, кое, на тој начин, може да биде жолто, зелено или бело.

Пред сто години во него се црпеле минерали за изработка на муниција, а тогаш од езерото било можно да се извлече и по еден тон сол дневно!

Индијанците го сметале езероро за свето место, а очигледно има нешто и во тоа верување, со оглед на фактот дека водата од езерото има голем лековит потенцијал, што тие максимално го користеле. Според легендата, кога две завојувани индијански племиња би договориле примирје, своите ранети ги ставале во Точкестото Езеро, верујувајќи дека тоа ќе ги излечи.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска