(ВИДЕО) Тино и Атанас во кампањата на „Лајка„: Вдоми затоа што животот е поубав со куче

Од:

Актерите Тино Костадиновски и Атанасовски Атанас се вклучија во кампањата на „Лајка„: Вдоми затоа што животот е поубав со куче. Тие снимија видеот со две кучиња кои подолго време живеат во стационарот.

– Рамбо и Џанго се околу една година наши неразделни станари кои пристигнаа во нашето прифатилиште по смртта на нивниот сопственик со кого според сведоштвата биле премногу приврзани..Им бараме дом каде што ќе останат заедно и ќе бидат сакани како што биле и претходно.
Иако се карактерно различни, Џанго со својата мила природа и Рамбо со бесконечната енергија се совршен пар и одлично би се вклопиле како дел од вашата фамилија. Како и сите наши кучиња така и Рамбо и Џанго се кастрирани, редовно вакцинирани и прочистени од надворешни и внатрешни паразити. Секако и тазе избањати порачуваат од „Лајка“.

Би можело да ве интересира

„Лајка“: Напуштањето миленици е суровост, не постои оправдување

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Го врзале и го оставиле без храна и вода – „Лајка“ сподели ужасна приказна на напуштено куче

„Лајка“ оваа седмица ќе заловува во Аеродром

Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Лајка е последната алка во синџирот, a единствената која испорачува резултати