Го врзале и го оставиле без храна и вода – „Лајка“ сподели ужасна приказна на напуштено куче

Од:

Сакаме да споделиме една свирепа и страшна приказна за животот на едно куче, а воедно и реалноста за сопственичките кучиња како завршуваат кога своите сопственици не сакаат повеќе да се грижат за нив велат од „Лајка“

– По пријава од граѓани за куче кое веќе подолго време е на јавен простор, напуштено, без сосптвеник беше заловено куче од нашите екипи на 18.10.2023 година во општина Аеродром. По стандарна проверка се воспостави дека кучето има микрочип, а неговиот сопственик веднаш беше контактиран. Наредниот ден на 19.10.2023 кучето беше превземено од неговиот сопственик, кој си плати за заловување на кучето, согласно правилникот за работа на ЈП Лајка.

На 26.10.2023 по пријава од граѓани дека има напуштено и заробено куче во напуштена фабрика во населба Автокоманда, нашите екипи веднаш постапија по пријавата. Кога пристигнаа на посочената локација, го најдоа истиот германски овчар, напуштен и ВРЗАН во напуштената фабрика. Кучето беше изгладнето, изнемоштено и болно, свесно оставено без пристап до вода и храна, видно вознемирено, но среќно кога виде дека доаѓаат луѓе да му помогнат. Кучето веднаш доби вода и храна, а и самото влезе во нашето комбе.

Овој пат кучето останува со нас до негово вдомување, случајот ќе биде пријавен до Агенција за храна и ветеринарство, а и ќе биде покренета кривична постапка согласно член 233 од кривичен законик за мачење на животни до сопственикот на ова куче.

Кучето не е во најдобра здравствена состојба, се надеваме дека за брзо време ќе биде добро и ќе биде објавено за вдомување.

Би можело да ве интересира

„Лајка“: Напуштањето миленици е суровост, не постои оправдување

Тетовски пожарникари: Кучето се исплашило, сакало да скока, во смисла да се спаси

Предраг Петровиќ

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

„Лајка“ оваа седмица ќе заловува во Аеродром

(ВИДЕО) Постар маж во Велес со стап брутално го претепа своето куче

Орце Костов

Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

Катерина Ѓуровски