ЈП ЛАЈКА: Потребен институционален одговор за напуштањето домашни миленици

Од:

Во текот на вчерашниот ден, во попладневните часови, нашиот тим беше ургентно повикан во скопската населба Радишани поради сериозно загрозување на животот на женка од расата белгиски овчар – малиноа и нејзините шест кутриња. Мајката и кутрињата биле изложени на директна опасност од страна на жител на населбата, кој, според сведоштва и во присуство на припадници на Министерството за внатрешни работи, јавно се заканувал дека ќе им го одземе животот со употреба на ладно оружје, информираа од „Лајка“.

– Очевидци пренесуваат дека едно од кутрињата, не постаро од 40 дена, било силно удрено со клоца во пределот на абдоменот. Истото веднаш е преземено од здружение за заштита на животни и сместено во приватна ветеринарна амбуланта, каде моментално добива соодветна медицинска нега.

Како прифатилиште, реагиравме во најкус можен рок и, со оглед на сериозноста на заканата и отсуството на друга институционална интервенција, ги преземавме кучињата во наша грижа со единствена цел – да спречиме трагедија и да го заштитиме нивниот живот. Прашањето што неминовно се наметнува е: зошто дозволуваме да дојде до ова?

Овој инцидент не е изолиран. Тој е само уште еден симптом на подлабокиот и нерешен проблем: неодговорното сопствеништво и системскиот неуспех во неговото санкционирање. Се прашуваме – до кога ќе се дозволува напуштање на домашни миленици без никаква последица? До кога ќе алармираме без институционален одговор?

Напуштањето на миленици директно и индиректно ја загрозува безбедноста на граѓаните но животните не се виновни за сопствената судбина. Виновни се оние кои ги напуштаат, ги злоупотребуваат или ги изложуваат на опасност. Виновни се и оние кои гледаат – а не преземаат ништо. Апелираме до надлежните институции итно да започнат со доследна примена на законските мерки и казни кон неодговорните сопственици, бидејќи секое одложување значи уште едно животно во опасност и уште едно сведоштво на насилство.

Како општество, мора да покажеме зрелост и одговорност. Заштитата на животните не е само хуман гест – таа е показател за вредностите што ги негуваме, се вели во сооптението од претпријатието.

Би можело да ве интересира

Двесте и десет „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Кучиња со маркички од Албанија во Скопје – се алармира на организирано носење глутници во главниот град

ЈП „Лајка“: Вдомувањето е суштински дел од решението за прекубројноста на бездомните кучиња, секое вдомено куче значи едно помалку на улица

Најдено е младо куче затворено во напуштен автомобил

А1он

Поради лоши услови, АХВ времено го затвори струмичкиот стационар за кучиња „Лана“