„Лајка“: Напуштањето миленици е суровост, не постои оправдување

Од:

Имајте предвид дека ниту куче, ниту мачка кои се претходно чувани дома не се свесни за опасностите кои ги демнат од коли, други животни, или луѓе. И не, нема да се снајдат на улица. За нив загубата која ја чувствуваат по вас е неопислива и исклучително тешка, многу од нив очајуваат до степен да не јадат со денови и талкаат бескрајно за да го најдат своето човечко семејство велат од „Лајка“.

Доколку мислите дека животното е: Играчка, Статусен симбол, Начин да стекнете пари преку негово размножување и продажба на потомството, Слатко така малечко, но друг ќе се грижи за него кога ќе порасне, Создадено да чува и биде врзано на ланец, Добро само додека е слатко, весело, здраво, Предодредено на крај да заврши само, на улица или во стационар, немојте да земете животно. Размислите убаво. Животните се човековиот најверен пријател. Но тие немаат избор и нивните судбини зависат од нас, се вели во текстот од „Лајка“ која се обидува да спречи напуштање миленци и зголемување на бројот на бездомни животни по улиците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тино и Атанас во кампањата на „Лајка„: Вдоми затоа што животот е поубав со куче

Тим на „Лајка“ спаси куче паднато во Вардар

Го врзале и го оставиле без храна и вода – „Лајка“ сподели ужасна приказна на напуштено куче

„Лајка“ оваа седмица ќе заловува во Аеродром

Лајка ќе заловува бездомни кучиња во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Анима Мунди: Лајка е последната алка во синџирот, a единствената која испорачува резултати