„Лајка“ оваа седмица ќе заловува во Аеродром

Од:

Би сакале да ве известиме дека од понеделник, 17ти јули 2023 година заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром информираат од Јавното претпријатие.

– Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (17-21 јули) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман. Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected], се вели во соопштението од Лајка.

Би можело да ве интересира

До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња

Двесте и десет „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

ЈП „Лајка“: Вдомувањето е суштински дел од решението за прекубројноста на бездомните кучиња, секое вдомено куче значи едно помалку на улица

ЈП ЛАЈКА: Потребен институционален одговор за напуштањето домашни миленици

Најдено е младо куче затворено во напуштен автомобил

А1он

Кривична пријава против тројца за крвничкото претепување на бездомното куче Феликс кое угина вчера

A1on