(ВИДЕО) Теорија на заговор: На Месечината има 250 милиони жители, Земјата ја користат како затвор

Од:

„Се што се слушнале за Месечината е лага“, тврди извесен поранешен пилот на ЦИА, Џон Лир, познат во круговите на теоретичарите на завери.

Тој тврди дека открил скриени структури на Месечината и дека поседува фотографии за кои кажува дека јасно ги покажуваат градбите. Според него во овој момент на Месечината живеат околу 250 милиони луѓе.

Според теоријата, луѓето на Месечината отишле во 40тите и 50тите години од минатиот век користејќи го антигравитациското летало на Тесла.

– Не можам тоа да ви го докажам бидејќи ќе ме убијат, но тоа е логично, бидејќи на што друго американската влада би трошела милијарди долари?, тврди Лир.

На неговите снимки може да се видат фотографии снимени од опсерваторијата Јеркс во 1946 година кои покажуваат голема експлозија на Месечината, северозападно од кратерот Ендимион.

– Колку што знаеме, чад, прашина или пареа не може да има во вакуум. Но, на овие фотографии јасни се гледа како се издига чад во голем облак од површината на Месечината и се шири низ атмосферата. Тоа е можно само доколку површината на Месечината не е вакуум и доколку таа нема само една шестина од гравитацијата на Земјата, тврди Лир и додава дека масата на Месечината е 68,71 отсто од таа на Земјата.

Лир објаснува дека Месечината е создадена кај Јупитер пред 40 милиони години, а во време на последното ледено доба, пред отприлика 15.000 години, е стигната во орбитата на Земјата.

– Жителите на Месечината се вонземјани кои личат на луѓето. Тие ја користат Земјата како казнена планета, односно затвор, а такви планети-затвори има најмалку милијарда, вели тој.

Лур е внук на осноачот на „Лирџет“, Бил Лир. Пензионар воздушен капетан и поранешен пилот на ЦИА кој управувал повеќе од 100 различни авиони за време на неговата 40-годишна кариера.

Би можело да ве интересира

Лендерот SLIM преживеа -130 степени и испрати фотографија од Месечината

ВИДЕО: Американците се вратија на Месечината

Катерина Ѓуровски

Јапонците испишаа историја: Слим слета на Месечината и оствари контакт

А1он

(ВИДЕО) Историски подвиг за Индија: Вселенското летало слета на Месечината

Катерина Ѓуровски

ВО ЖИВО: Индиското летало се обидува да се спушти на Месечината

Катерина Ѓуровски

Русија во мисија на Месечината по пауза од 50 години, лансирано возилото Луна-25