Затвореници во еден затвор во Перу се обидоа да го срушат Гинисовиот рекорд, во групен танц во кој што учествуваа повеќе од 1.000 лица.
Околу 1.200 затвореници во затворот, во главниот град на Перу, Лима се собраа во дворот и симулантно изведоа аеробик и латино танци.
Гинисовата книга на рекорди треба да потврди дали затворениците од Лима го срушија рекордот и ги надминаа затворениците од Филипини кои до сега беа на врвот.
Елена Георгиевска