Македонскиот преставник Тамара Тодевска го освои високото осмо место на Евровизија што оваа година се одржа во Тел Авив, Израел. Таа се престави со песната „Proud“ со која по гласовите на жирото беше на втората позиција. Ова е најдобриот пласман на земјава во досегашните натпреварувања на Евросонг.
Тамара освои 237 поени од стручното жири, но само 58 од телевоутингот, што беше премалку за да имаме можност да се израдуваме со првото место, во трката која беше неизвесна до самиот крај.
Победник на годинашниот Евросонг е Данкан Лоренс од Холандија со песната Arcade.
Во финалето на 64. Евровизија се натпреваруваа 26 земји. За победникот одлучуваа гласовите на стручното жири и од телевоутингот од сите 41 земја учесничка, а се доделуваа по принципот 50-50. Од жирито најмногу гласови доби Шведска – 239, втора беше Македонија – 237, а трета беше Холандија со 231 глас.
Нашето жири 12 поени му додели на претставникот на Италија.
Во продолжение, можете да погледнете и листа од бројот на поени и земјите кои гласаа за песната на Тамара:
5 Португалија
8 Азербејџан
3 Малта
1 Сан Марино
3 Холандија
7 Црна Гора
8 Полска
10 Норвешка
12 Австрија
12 Обединето Кралство
10 Италија
12 Албанија
10 Унгарија
12 Молдавија
5 Ирска
10 Ерменија
7 Романија
7 Австралија
4 Русија
7 Германија
10 Хрватска
12 Србија
8 Исланд
1 Грција
8 Летонија
7 Чешка
10 Данска
7 Франција
7 Финска
12 Швајцарија
2 Словенија