Патниците на авиокомпанијата „Рајанер“ на летот од Џенова до Борнмут имале прилика да уживаат во уникатен перформанс на еден од стрјуардите во авионот.
Стјуардот Паоло, откако со своите колеги го поделил освежувањето за патниците, неколку минути пред слетување играл на песната „Токсик“ од Бритни Спирс.
Настапот започна со соблекување на сакото, а потоа играше се додека траеше песната. Патниците се смееја и го снимаа неговиот перформанс.
– Забавата ни ја најавија преку звучниците, не можев да верувам. Тоа се моменти кои обично ги гледаш на Интернет, а не во живо. На сите им се допадна, на крајот сите аплаудира, изјави една од патниците.