ВИДЕО: Спасувач турна момче со нога од висина од 10 метри

Од:

Спасувач на базен во Австрија се соочи со голема јавна осуда откако буквално турна младо момче од скокалницата висока десет метри.

Инцидентот што се случи на 13 август на општинскиот базен Штајер во Австрија стана вирален на социјалните мрежи, а веднаш ја шокираше австриската јавност. Поради самиот бизарен и опасен чин, покрената е истрага.

Видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како млад човек се држи за оградата на скокалницата, додека спасувачот го клоца во грб, а момчето потоа паѓа од кулата висока 10 метри, пренесува OÖNachrichten.

Во меѓувреме, спасувачот беше испрашуван, тој јавно се извини и рече дека му е јасно дека неговите постапки биле погрешни. Какви санкции го очекуваат треба да стане појасно во наредните денови, а се уште не е целосно јасно што му претходело на бизарниот инцидент.

Како што пренесуваат медиумите, изјавите на сведоците се контрадикторни, а според некои информации, младото момче предолго стоело на скокалницата бидејќи се уплашило. По неколку моменти му пришол спасувачот и го турнал од скокалницата висока 10 метри.

Би можело да ве интересира

17 годишно момче доживеа струен удар, се качил на цистерна вагон

ВИДЕО: Италијански Ф-35 и руски Сухој на работ на инцидент над Балтичкото Море

Се преврте камион, затворен автопатот од Демир Капија до Смоквица

ВИДЕО: Авион итно евакуиран, има повредени

Предраг Петровиќ

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он