Големиот број на заразени од вирусот ебола предизвика ширење на различни теории на завера, а една од најновите е дека актерите на култната анимирана серија „Симпсонови“ ја предвидела оваа смртоносна болест во САД.
Поборниците на оваа теорија сметаат дека во епизодата од 1997 година, во која Марге Симпсон се обидува да го извлече болниот Барт од кревет, е доказ дека во серијата е предвидена епидемијата од ебола.
Таа во една сцена му сугерира да ја прочита книгата со наслов „Љубопитниот Георги и вирусот ебола“, а потоа го прашува дали сака да црта, на што тој и одговара дека тоа веќе го направил, покажувајќи и цртеж на кој се гледа мртов човек, околу кој има крв и тела.
Дел од ова видео е објавено на „Јутјуб“, а покрај него стојат коментари за теориите на моќта на холивудската филмска индустрија.
-Има ли нешто што не ни рекоа? Дали случајно „Симпсонови“ го предвиделе ова- напишал Емануел Локонг.
Додека еден од корисниците вели дека американската влада веќе подолго време има вакцина за ебола, друг корисник предупредува дека вирусот е откриен многу порано пред да биде снимена оваа епизода со „Симпсонови“.
За потсетување еболата е откриена во 1976 година, по појавување на епидемија во Судан и Заир, а во тек на 90-тите години од 20-от век повторно се појавила во Габон во 1994 и во Заир во 1995 година.
„Симпсонови“ наводно ја предвиделе епидемијата која се случила три години по емитување на епизодата, имено помеѓу 2000 и 2004 година кога починаа околу 500 лица од опасниот вирус во Уганда, Габон, Конго и Судан.
Е. Г.