(ВИДЕО) Шокантни снимки: Луѓето добиваат невројатно „луди“ идеи за време на поплави

Од:

Во чешкиот главен град Прага спасувачките служби извлекуваат луѓе од надојдената река Влтава кои, се чини, целосно несвесни за природната катастрофа, решиле да пливаат или да веслаат во надојдената река.

Како што пишува порталот Блеск, овие неодговорни лица се коцкаат не само со сопствениот живот, туку и со безбедноста и драгоценото време на спасувачите кои се принудени да ги спасат, а казните се сериозни.

За време на викендот полицијата извести за спасување на маж кој отишол да плива во надојдената Влтава. Спасувачите го извлекле од водата два километри низводно.

@forrestkral

Top počasí 14.9.

♬ Pursuit Of Happiness – Extended Steve Aoki Remix – Kid Cudi

На социјалните мрежи се шири видео од сурфер кој брановите на надојдена река ги оценил како погодна можност за тренинг. Во понеделникот, прашките пожарникари видоа и човек како плови по реката Влтава во кајак.

По неделниот состанок на комисијата за поплавите, главниот град силно ги предупреди граѓаните на Прага воопшто да не се приближуваат до водотеците.

Според директорот на Државната управа за навигација, казната за ваквите авантуристи е тешка, секој што ќе излезе на вода со кој било тип на пловило може да биде казнет.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски