ВИДЕО: Северина се сопна и заврши на задник на сцената среде настап

Од:

Таа не е првата на која ова и се случило, а сигурно нема да биде ниту последната која ќе падне на сцена за време на концерт. Имено, Северина на својот настап во загрепска Лауба во еден момент се лизна додека танцуваше и заврши на подот, изгледа за среќа, без никакви последици.

„Имав кореографија да се фрлам во публиката, но кореографијата се случи малку порано…Всушност, ова го правам секогаш кога сакам да одморам на сцената…“, се пошегува на своја сметка сплитската пејачка кој сама го објави видеото.

Северина брзо се опорави од изненадувањето откако се најде на подот, а настапот го продолжи седејќи мирно и низ смеа велејќи ѝ на публиката „Каде сте, уште ли сте на нозе?“.

Падот и се случи во вртоглавите високите штикли кои вообичаено ги носи и во многу краток предизвикувачки црвен фустан од Матија Вуица. Сепак, како што заклучуваат коментарите на социјалните мрежи, таа успеала да направи се многу елегантно, вклучително и падот.

Би можело да ве интересира

Северина: Ги сакам Србите, но не ми се допаѓа нивната власт

А1он

Вучиќ за Северина: Зборува глупости по цел ден и кому му е гајле за тоа

Предраг Петровиќ

Адвокатката на Северина: Ја испрашувале за Сребреница, не го продолжила патувањето затоа што не се чувствувала безбедно

Хрватската пејачка Северина е приведена на српската граница

Горан Наумовски

Српско хрватска естрадна војна-се вклучи и фудбалер

Предраг Петровиќ

Карлеуша ја нападна Северина за Сребреница: „Кукло, употреби ја главата за размислување, не само за ботокс

Предраг Петровиќ