Жителите на едно мало село во Перу веќе еден месец се жалат на „напад од вонземјани“ и ја молат владата да ја испрати армијата на земјата да помогне.
Според извештајот, полицијата ја разгледува пријавата на претставници на племето Икиту, кои живеат североисточно од Лима. Тие тврдат дека ги напаѓаат „два метри долги суштества со големи глави и жолти очи“. Локалните жители ги повикуваат властите да испратат војска во регионот каде што се случуваат овие чудни напади, објави локалната телевизија Ал Рохо Виво.
Според нив, суштествата не реагираат на огнено оружје и можат да исчезнат по своја волја. Според некои информации, еден од „вонземјаните“ нападнал 15-годишно девојче нанесувајќи и повреди на вратот.
Жителите на ова село до медиумите и властите испратија видео во кое наводно се одвива „ловот на вонземјани“ и на кое се слушаат пукотници.