Претставник на Русија на годинешната Евровизија во Украина, е Јулија Самоилива. Таа е лице со попреченост, кое се движи во количка, но и со одличен глас, објави „Первиј канал”.
На манифестацијата што ќе се одржи во Киев, таа ќе пее на англиски, и ќе ја изведе песната „Flame Is Burning“.
Самоилова (27) е вокален изведувач, текстописец и композитор. Јавноста најмногу ја памети по тоа што настапи на отворањето на Зимските параолимписки игри во Сочи.
– Музичката кариера бара огромни емоционални и физички напори… Се восхитувам на успесите на Јулија, изјави раководителот на руската евровизиска делегација, Јури Аксјута.