ВИДЕО: Руми е првата робот-рецепционерка во Европа

Од:

Во бугарскиот главен град Софија е пуштена во погон робот-рецепционерка, прва од својот вид во Европа. Се вика Руми. Ги пречекува и сместува гостите во хотелот „Бест вестерн премиер“, знае три јазика, врши собни услуги, а ако посетителот има роденден, може да му испее и песна.

Како што јави бугарската ТВ Нова, овој вид вештачка интелигенција е доста популарен во Азија, на пр., ама во Европа, Руми е првата роботизирана хотелска помошничка.

– „Таа“ има две основни функции – првата е да ги упатува гостите до собата, а втората е да ги носи порачките. Порачката се изготвува во кујната и потоа сè тоа го става во самиот робот и го внесува бројот на собата. Роботот оди и застанува пред собата, и додека го чека да излезе, гостинот по телефон е известен дека роботот е пред врата. Гостинот ја зема порачката и роботот се прибира на „своето работно место”, објаснува генералниот менаџер на хотелот, Светослав Панев.

Ако по патот сретне некого или нешто, со помош на сензори роботот го препознава и го заобиколува. Ако пак, некој намерно „ја“ удира или попречува, Руми испраќа сигнал до рецепцијата, дека е во неволја и ѝ треба помош.

Би можело да ве интересира

Маск создаде ново чудо: Овој робот ќе прави работи опасни за луѓето

Предраг Петровиќ

Робот диригираше со оркестарот во Сеул

Предраг Петровиќ

Доаѓа револуција: Маск наскоро ќе претстави робот кој може да ви биде пријател

А1он

УНЕСКО донесе прв меѓународен документ за вештачка интелигенција

А1он

Робот што може да работи и како наставник

Ана Ололовска

Русите прават робот што ќе тестира за Ковид-19

Жарко Настоски