ВИДЕО: „Растението што јаде овци“ расцвета по 15 години

Од:

Егзотичното „растение што јаде овци“ првпат расцвета во Кралското друштво за хортикултура во Велика Британија, по 15 години растење.

Растението „Puya shilensis“, што веќе 15 години расте во оваа градина, е високо речиси четири метири и формира база од препознатливите остри боцки.

Иако, популарното име на растението не е во целост точно, тоа сепак се храни со месо од животни.

Во природна средина растението ги користи своите боцки да зароби овци и помали животни кои ќе се најдат до неа. Откако животните ќе угинат од глад и ќе се распаднат, тие делуваат како ѓубриво во земјата од која се хранат билките.

– Родителите не треба да стравуваат да го посетат растението со деца, бидејќи тоа е во заштитен дел од градината и смртоносни боцки се надвор од дофатот на посетителите, изјави експертката по хортикултура Кара Смит.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска