ВИДЕО: Прошетка „низ воздухот“ во Њујорк

Од:

„Воздух“ – уметничка инсталација на уметникот Кензо Дигитал – се отвора в четвртокот во неодамна завршениот облакодер „Уан Вандербилт“ (One Vanderbilt) во општината Менхетн. Тој сега е четврта највисока зграда во Големото Јаболко.

Целосно стаклениот лифт, вклучувајќи го и подот, ги крева авантуристите до висина од 360 метри за само 42 секунди.

Според Кензо, кој е познат по соработката со пејачката Бијонсе, искуството предизвикува „поглед на пространството и го потопува посетителот меѓу облакодерите и другите зданија“.

– Тоа е еуфорично и „мултисетилно“!, вели тој.

„Уан Вандербилт“, веднаш до станицата „Гранд централ“, е висок 430 метри.

Повисоки се само Светскиот трговски центар 1, како и станбените кули „Централ парк“ и „111 западна 57-ма улица“ во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска