Манекенката Кендис Сванпул, едно од заштитните лица на Victoria’s Secret, е дел од рекламниот спот за Brian Atwood кој е прогласен за пресекси.
23-годишната Јужно-Африканка не се срами од контроверзната реклама, напротив, таа е горда на неа.
„Ја почитувам нивната одлука за забраната. Не е секој доволно свесен за својата сексуалност. За мене тоа не е проблем. Горда сум на своето тело и напорно работам на него. Се додека снимам голи сцени кои се „вкусни“ јас сум за“, изјави познатата манекенка, пренесува Daily Mail.