Полицијата во Лас Вегас објави видео на кое нивните полицајци реагираат на повикот од семејството кое кажало дека НЛО паднало во нивниот двор.
Семејство се јавило на 911 за да пријави дека нешто им се срушило во дворот и дека виделе необично суштество во летечкиот објект.
На снимката што ја објави полицијата, се слуша како јавувачот како кажува дека тој, неговиот брат и татко биле во дворот и поправале камион кога недалеку од нив, нешто удрило силно.
„Со аголот на окото видовме нешто како паѓа од небото, беше светло, а кога удри во земјата, почувствувавме навистина голем удар и како некакво ослободување на енергија. А потоа слушнавме многу чекори до нас.Ги видовме остатоците од објектот и до него некакво суштество високо 2,5 метри. Имаше уште едно такво суштество во урнатините и не гледаше со големи очи. Тогаш се јавивме на 911“, раскажа вознемирениот маж.
„Тоа не беа луѓе. Сто проценти тие не беа луѓе“, додаде тој.
Како што беше соопштено, полициски службеници извршиле прелиминарна истрага, но не пронашле ништо. Случајот е затворен и означен како „неоснован“, соопштија полициски службеници.
Надзорниот комитет на Конгресот на САД е во „рана фаза“ на подготовки за сослушувања за НЛО по непотврдените тврдења дека САД наводно со пронашле соборениот вонземски брод – што Пентагон не го потврди.
Поранешниот разузнавач Дејвид Груш изјави во понеделникот дека американската влада има тајна програма која има за цел да поврати делови од урнати вселенски летала од вонземско потекло и дека се обидуваат да утврдат како функционира оваа технологија, пишува технолошкиот портал The Debrief.
Изјавата на Груш не доби јавна потврда, а водечкиот републиканец во Претставничкиот дом, претседателот на разузнавањето Мајк Тарнер, исто така, изрази скептицизам во врска со идејата дека американската влада пронашла вонземски летечки објект.
Груш рече дека доставил докази за таква програма до Конгресот и Канцеларијата на генералниот инспектор за разузнавачката заедница, наведува The Debrief.