Отсега сите ќе можат да го посматраат природниот феномен од своите домови, откако беше овозможен пренос во живо на поларната светлост, на латински наречена Aurora Borealis.
Сезоната на видливост на поларната светлост обично трае од декември до април, но патувањата до местата од каде што таа се гледа најубаво, сега се забранети поради пандемијата на коронавирусот.
Наскоро сезоната на видливост на поларната светлост ќе заврши, а не е познато до кога ќе трае вонредната состојба.
Благодарение на истражувачкиот тим кој постави камера на местото Черчил во Манитотоби во Канада, кое е познато по тоа што пружа неверојатен поглед на Аурора, сега секој може да ја посматра поларната светлост од своите домови.
Истражувачкиот тим одамна имаше план да постави камера за да може во живо да се следи Аурора Бореалис.