Досега сме виделе бројни слики на Земјата од вселената и нема човек кој што може да остане рамнодушен на таквата глетка.
Но, сега НАСА ја тестира нашата перцепција на нов начин со слики на планетата но, направени преку ноќ со помош на новата инфра-црвена технологија.
За овој сет слики, направени од сателитот „Suomi NPP“ во април и октомври 2012-та година, беа потребни 312 ротации за да се „фати“ секој детаљ на земјината површина во ноќта.