ВИДЕО: Пеш преку замрзнатото Бајкалско Езеро за помалку од 13 денови

Од:

Британците Мајкл Стивенсон, Роб Тригвел и Скот Гилмор го соборија светскиот рекорд во најбрзо пешачење преку Бајкалското Езеро во зимски услови, додека тоа е замрзнато. Тројцата авантуристи ја постигнале својата цел на 14 март, по 12 дена, 21 часа и 13 минути.

Најстарото и најдлабоко езеро на светот се наоѓа во азискиот дел на Руската Федерација. Долго е 636 километри, и широко 80 километри.

Секоја година од јануари до мај, водата е замрзната, а температурите се движат од -30 до -10 степени Целзиусови.

Британците својот пат го изоделе на скии. Секој од нив ја влечел својата храна за 16 дена, и се она што им е потребно, но и отпадот кој го прават. Сето тоа вкупно тежи од 37 до 70 килограми од човек.

Просечно, тие пешачеле четири километри за еден час, а секој ден внесувале по 5.000 – 6.000 калории.

– Ова е ментална игра, а добар дел од патувањето мора да се борите и против здодевноста. Иако си со луѓе, всушност си сам, обземен од сопстевните мисли, изјави Тригвел за „Давентри Експрес“.

Мајкл, Роб и Скот спиеле во шатори, а најтешки им биле последните 135 километри, кои ги минале за 36 часови.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска