Шпанскиот бренд „Лоиви“ го претстави новото заштитно лице за своите парфеми „Соло“ – ѕвездата од филмот „Кингсмен 2“, Педро Паскал.
Чилеанскиот глумец треба со својата уникатна харизма да внесе свежина во новата рекламна кампања, соопшти компанијата.
Парфемот содржи дрвенкасти ноти, додека пак, понагласените ноти се од мандарина, лаванда, нане и лимета. Средните ноти содржат шумски ореви, темјан, рузмарин, кардамон и кумару семе.