Бизарната снимка од овој месец повторно ги покрена теориите за вонземјани. Поточно, моделот од Колумбија Валентина Руеда Велез го сними моментот која покрај авионот прелета неидентификуван летечки објект (НЛО).
На снимката е видливо како авионот лета во совршени услови, на синото небо и под сонцето. Додека жената ја вртеше камерата од предниот дел на авионот, десно се појави неидентификуван летечки објект со голема брзина. Како што се доближа до авионот објектот изгледаше многу поголемо.
Објектот има изглед на „плоча во форма на диск“, а снимката беше коментирана на Инстаграм каде и беше споделена од Валентина Руеда Валез.
„Дефинитивно изгледа како вистинска снимка – секогаш е тешко да се процени големината, веројатно е помал објектот од автомобил“.
„Изгледа прилично блиску и снимката е одлична, се чини дека очигледно се работи за метален предмет“, беа дел од коментарите на Инстаграм додека имаше и цинични забелешки во стилот:
„Објектот изгледа како дрон“.
„Претпоставувам дека ова се некои летечки остатоци“.