ВИДЕО: Објавен спотот за српската песна за Евровизија, кој претрпе многу критики

Од:

Видеоспотот за песната „Локо локо“, со која женското трио „Hurricane“ ќе ја претстави Србија на годинешниот „Евросонг“, беше објавен денеска, ден откако кратката најава за видеото на режисерот Дејан Милиќевиќ предизвика многу критики.

Сепак, се чини дека негативните коментари, кои главно беа упатени кон стајлингот на трите девојки од бендот и „демоде“ изгледот на севкупното видео, стивна откако беше објавен целиот, динамичен спот во ретро фанки/диско стил.

Режисерот на спотот Дејан Милиќевиќ своевремено со години работеше во Македонија, а познавачите на неговите рани дела лесно ќе го препознаат стилот присутен во многу спотови на македонски пејачи и групи од пред дваесетина години, односно од преминот на милениумот.

Музиката за натпреварувачката песна на Србија „Локо локо“ ја напиша Немања Антониќ, кој беше автор и на ланската композиција, „Hasta la vista“, која не стигна да ја претставува земјата, откако ланскиот Евросонг не се одржа поради пандемијата. Текстот на годинешната песна е на една од трите девојки во групата „Hurricane“, Сања Вучиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Со големо полициско обезбедување, во Нови Сад се бира градоначалник

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне