Пловечките бунгалови минатата година беа најчест избор на посетителите на Малдиви. Меѓутоа, оваа земја сега добива нова туристичка атракција – подводна вила, прва во светот од таков вид, а се наоѓа на островот Рангали.
Називот на резиденцијата е Мурака, што значи корал на дивехи – јазикот што се говори во оваа островска држава во Индискиот Океан.
Објектот е дизајниран така што во целост се вклопува во подводното окружување, овозможувајќи им на гостите „да бидат дел од подводниот свет“.
– Инпсирирани и со желба да понудиме нови искуства за туристите, со првата подводна резиденција на светот на гостите им овозможуваме да ги истражат Малдивите од целосно нова перспектива, од под морската површина, истакнува директорот на компанијата Краун, Ахмед Салим, кој воедно е и главен архитект и дизајнер на Мурака.
Објектот има две нивоа – едно над површината на океанот и едно под неа. Подводното ниво се состои од спална соба со голем кревет, дневна, бања и спирални скали што водат до горното ниво.
Горниот дел пак, има двокреветни соби, бањи, сала за вежбање, соби за батлерите, приватни безбедносни простории, заеднички дневен престој, кујни, бар, тарпезарија и палуба со поглед кон зајдисонцето.
Вилата одеднаш може да прими вкупно девет лица.