ВИДЕО: Нијагарини водопади без вода

Од:

Оваа фотографијата од Нијагарини водопади без вода е направена пред 45 години и на неа не се гледа ништо друго, освен остри карпи по кои инаку се слева водата.

Во јуни 1969 година, американски инженери го пренасочиле текот на реката Нијагара на неколку месеци, далеку од американската страна на водопадот.

Тие имале план да ја отстранат големата количина камења, кои се наоѓаат на дното на водопадот и да го исчистат коритото, меѓутоа поради големите трошоци, за неколку месеци се откажале од идејата.

nijagariniVodopadi21

Инженерите во тој период на „суша“ ги проучувале коритата и отстраниле низа грешки, со цел да ја одложат постепената ерозија на Нијагарините водопади. Во ноември ја урнале привремената брана по што водата повторно започнала да тече низ карпите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска