ВИДЕО: Не можеше да го поднесе поразот, по мечот отиде да се пресмета

Од:

На средношколскиот турнир во борење во Чикаго имаше немила сцени по мечот. Поразениот Хафид Алисеа не можеше да се помири со поразот и по борбата реши да ги преземе работите во свои раце.

Во мечот за третото место Хафид Алисеа беше убедливо поразен (14-2) од Купер Кордер. По натпреварот, како што вообичаено се случува, ривалите се поздравуваат и си честитаат за борбата, но овој пат Алис доживеа помрачување на умот. Од само нему познати причини, веднаш по ракувањето, без најава, брутално го нокаутира Кордер на општ шок и бес на целата сала. Тален Гузман, познат боксерски тренер и ММА новинар, на својот Твитер профил објави видео од тепачката, како и видео од немилиот настан.

Родителите на несреќното момче брзо истрчаа да му помогнат на синот, а судијата веднаш го отстрани Хафид Алисеа. Таткото на Купер сакал да се справи со Алисеа, но бил спречен да го стори тоа.

Сведок кој бил на местото на настанот изјавил: „Момчето во сино (поразено) имаше крвав нос, па не знам дали нешто се случило за време на тепачката.“

Други пак, овој чин не го оправдуваат на ниту еден начин, и инсистираат дека Алисеа мора да биде кривично гонет и казнета со протерување од спортот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Млад црнец пукаше кон полицајци во Чикаго, му возвратија со 94 куршуми

И Чикаго го прогласи септември за месец на македонското наследство и култура

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Неколку торнада го опустошија Чикаго: Нема струја, откорнати дрвја, аеродромите не работат

Горан Наумовски

Пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, меѓу повредените има и деца

Пукање во забавен парк во Чикаго, повредени три лица

ВИДЕО: Објавени снимки од апсењето на напаѓачот кој уби шестмина на празничната парадата во Чикаго

Катерина Ѓуровски