(ВИДЕО) НАСА: Вo сабота Земјата ќе биде изложена на сериозна закана од Вселената

Од:

Голем астероид, долг околу еден километар, опасно ќе се приближи до нашата планета вo сабота, 15 февруари, објави “НАСА”.

Проценките велат дека е потенцијално катастрофален, затоа што во случај на удар, карпа со таква големина би можела да убие милиони луѓе во поширокиот регион и да предизвика трагедија на глобално ниво.

Астероидот со кодно име “2002 ПЗ39” патува со брзина поголема од 50.000 километри на час.

“НАСА” објави дека треба да биде во точка најблизу до нашата планета в сабота во 11 часот и пет минути претпладне.

Проценетите димензии на вселенската карпа се 990 на 440 метри, големина чие влијание, како стандард, остава значителни последици.

„Ако објект поголем од 25 метри, а помал од еден километар, удри на Земјата, тоа веројатно ќе предизвика локална штета во областа на ударот.

Секое поголемо небесно тело, со волуменн од еден до два километра, би можело, сепак, да има глобални ефекти”, наведува “НАСА”.

Астеродидот ќе помине на оддалеченост од Земјата од 5,77 милиони км. За експертите тоа значи дистанца која ги изложува луѓето на потенцијална опасност.

“НАСА” посочува дека откако, најверојатно, ќе ја заобиколи Земјата, астероидот” 2002 ПЗ39″ ќе продолжи по Сончевиот систем и ќе појде кон Венера, на која би требало да се приближи на 14 јуни 2034 година.

Но тој датум нема да значи и трајна разделба со Земјата, бидејќи истиот астероид од Венера повторно ќе се врати кон нашата планета.

Би можело да ве интересира

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Заглавените астронаути можно е да не да се вратат на Земјата до 2025 година

Предраг Петровиќ

Астронаути се заглавени во вселената, НАСА вели: Можеби нема да се вратат до 2025 година

Горан Наумовски

ВИДЕО: Астронаут на НАСА го сними разорниот ураган од вселената

Катерина Ѓуровски