ВИДЕО: Најзабавниот крузер на светот има дури и картинг патека

Од:

Патниците на најновиот крузер на компанијата Норвиџиан Круз Лајн ќе можат да уживаат во возење на картинг во тек на крстарењето. Каргинг патеката се наоѓа на највисоката палуба, а е направена во соработка со Ферари.

Крузерите стануваат се поголеми и пораскошни, а содржините во кои можат да уживаат патниците повеќе не се разликуваат од тие кои се достапни на гостите во најлуксузните „стационирани” хотели во светот.

Така проектантите на патничкиот брод „Norwegian Joy“ успеаја на највисоката палуба на овој крузер да спакуваат вистинска тркачка картинг патека, која се простира на две нивоа.

Патниците кои во текот на долгите крстарења ќе посакаат дополнителна возбуда можат да се тркаат едни со други во електрични картинг возила.

Крузерот Norwegian Joy е направен за потребите на кинескиот пазар, а може да прими 3.850 лица.

Бродот неодамна е пуштен а официјално „крстење” ќе има на 27 јуни. Матични пристаништа му се Шангај и Тијанџин.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска