ВИДЕО: Најнеобична реклама за Лондон

Од:

Тим Бензи и Пол Џозеф сакале да ја натераат својата роднина од Австралија токму во Лондон да го мине својот годишен одмор. Специјално за неа тие осмислиле необично видео, кое би можело да се искористи како одлична туристичка реклама.

Кога нивната роднина Ема, која живее во Бризбејн, им соопштила дека одморот веројатно ќе го помине на крстарење, а не во Велика Британија, Тим и Пол не сакале да очајуваат.

Тие зеле камера во рацете и одлучиле да снимат видео доволно интересно, за да ја убедат својата роднина да дојде во Лондон.

– Сакавме да направиме мала кампања по повод нејзиното доаѓање во Лондон, сето тоа да го снимиме и да го испратиме за да нема избор. Сакавме да и го покажеме сето она убаво што може да се види во Лондон, појаснува Пол.

Снимајќи го видеото тие посетиле бројни лондонски атракции и ги забележале пораките на минувачите на улица, кои ја повикуваат Ема да дојде во британската престолнина.

Имале толку среќа, што на премиерата на филмот „Ајрон Мен 3“ успеале да ги наговорат глумците на филмот да упатат специјален повик до Ема.

Нивното видео ја одушеви не само британската туку и публиката ширум светот, пишува „Дејли телеграф“.

Овој медиуми го објави видеото и на својата страница, како една од најинтересните реклами за Лондон, која патем е бесплатна.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска