ВИДЕО: Најавена нова голема еколошко-рекреативна платформа во Њујорк

Од:

Пандемијата на коронавирусот го внесе човештвото во нова ера на енергетска одржливост и еколошка свест, па компанијата „3-делукс“ одлучи во њујоршката општина Менхетн да спроведе проект којшто, „во склад со природата“ ги истакнува овие вредности.

#WeThePlanet Campus from 3deluxe on Vimeo.

– По шокантнава пандемија и социјалната поларизација годиниве, постои желба за позитивна промена. Време е архитектурата и урбанизмот да изберат поамбициозен пристап за хуманизација на нашиот животен простор, изјави извршниот директор на „3-делукс“ – Дитер Брел.

Имено, Менхетен ќе добие тн. еколошки самоодржлив пловен рекреативен кампус кој ќе генерира енергија и вода за своите потреби во овој дел од Њујорк. Се работи за комуникативна платформа што „ќе го штити целиот живот на копното и на морето и ќе ги надмине границите на дизајнот“, соопшти компанијата.

Компанијата „3-делукс“ ја опишува структурата како – „платформа со став кон релевантните социјални теми, како што се заштита на климата, природата, споделената одговорност, отвореноста и транспарентноста“.

Креаторите на платформата веруваат дека ваквите изградби мора да се користат колку што тоа е потребно… Така што, пловниот кампус ќе ги користи најновите технологии за прочистување на воздухот, ќе има ветерници, фотоволтаични системи, морски електрани и биореактори – заради минимално испуштање гасови и целосно самостојна одржливост. Ова значи дека платформата ќе ја произведува целата нејзе неопходна енергија и вода и нема да одземе ништо од планетава што не може да ѝ го врати.

Покрај тоа, платформата е заштитена од покачување на нивото на морето, што е еден проблем помалку. Во иднина, ако луѓето од Менхетн посакаат повеќе простор на неа, структурата може и да се прошири.

Би можело да ве интересира

Ќе бидам со по еден маж од секоја држава-необична цел на 27 годишна девојка

Предраг Петровиќ

Листа на најевтини и најскапи патувања за 2023 година: Сместување само 17 евра

Предраг Петровиќ

Хрватски остров меѓу 10-те најубави во Европа ФОТО

Предраг Петровиќ

Туркменистан, најверојатно, ја затвора „Портата на пеколот“

Ана Ололовска

Истражување: Турција има најевтини кинобилети

Ана Ололовска

Палата со уникатно, скапоцено зелено опкружување во Кина

Ана Ололовска