Повеќе од 10.000 лица се собраа во провинцијата Ацех во Индонезија за да го соборат рекордот во изведувањето на народниот танц саман.
Саман е познат како „танц на илјада раце“ и повеќе од 10.000 мажи го соборија рекордот танцувајќи и пеејќи песна за заштита на националниот парк Маунт Лиусер, дом на суматрански тигри и слонови, загрозени пшоради криволов и уништување на прашумите.
карактеристично е што танцот го изведуваат само мажи во традиционална облека и за изведба користат традиционални предмети.
На минатогодинешниот настан танцуваа 6.000 лица.