Павле Баленовиќ, поранешен музичар и филмски каскадер, го посветил својот живот на проучување на Велебит и неговиот животински свет, пред се волците, кои на таа планина ги има во голем број.
Во еден документарен филм за волците на Велебит, Баленовиќ снимил кадар кој во моментов е апсолутен хит. На падините на Велебит во близината на Задар го забележал петгодишниот Лука Модриќ во преголема јакна како чува кози.
Откако еден коментатор на Јутјуб со чудење се запраша дали се работи за Модриќ, Баленовиќ кратко одговори: „Да, тоа е тој“. Според „Тпортал“, Баленовиќ пред речиси три децении нашол мал волк и решил да го пушти на планината Велебит, нешто што е документирано и во филм на „Би-би-си“, „Човек-волк, дневникот на Павле Баленовиќ“. Баленовиќ објаснува во коментарот.
За време на своите патувања на Велебит, Баленовиќ се спријателил со Стипе Модриќ, таткото на Лука.
Малиот Лука се гледа на снимката околу 2:30 од видеото.